ММС

Објавено на: 07/12/21 12:02 PM

(ВИДЕО) На маалски муабет Шилегов и Дрита Исљами: На паркот Сарај му недостасува тартан патека, градоначалникот вети дека ќе ја направи

Во новата епизода на „Маалски муабети со Петре Шилегов“, скопскиот градоначалник беше во паркот Сарај каде како домаќин го пречека Дрита Исљами, државната рекордерка во атлектика на 400 метри и претставничката на престојното Европско првенство по атлетика во Минхен 2022 година.

Таа за себе ќе каже дека е скромна личност и ретко зборува за нејзините успеси.

„Скромна личност сум по природа, па дури на Стадиони кога победувам не знам да се израдувам зошто мислам дека ќе ги навредам другите“, вели Дрита.

Градоначалникот Шилегов потенцираше дека скромноста и гордоста се различни, и дека треба да е горда на нејзините успеси, затоа што како што рече тој Скопје е горд со неа.

Дрита во разговорот откри дека на стадионот сместен во паркот во Сарај ги имала првите почетоци каде ја трчала првата трка од 100 метри.

„Бев петто одделени и бев прва. Потоа следната година повторно се пријавив и трчав, бидејќи натпреварот се одржуваше само еднаш годишно. Повторно бев прво место и тогаш тренерот Рахман Алија  ми предложи да тренирам во неговиот клуб, станува збор Атлетскиот клуб „Лирија“. По одреден период го сменив тренерот и клубот, тоа беше пред шест години пред Олимпијадата“, раскажа Дрита.

Настапот на Олимпијадата ќе го остави за некој друг, следниот нејзин предизвик е да ја претставува Македонија во Париз во 2024 година.

Градоначалникот истакна дека со Дрита седат во едно од најубавите места во Скопје, а тоа е паркот Сарај за кој кажа дека не е доволно експлоатиран, но смета дека како град имаат доволно направено за негово преуредување, но и дека природата си го направила своето, пред локалната самоуправа да го доуреди.

Дрита истакна дека често ја користи тартан патеката во Градскиот парк, но кога треба да има должина нејзиниот тренинг тогаш е во паркот во Сарај. Истакна дека пред 10 година паркот изгледал сосема поинаков, со отпадоци, и немала желба толку често да го користи, но сега е поинаку. Она што сега недоставува Дрита вели дека е тартан патека околку стадионот.

Градоначалникот изјави дека во подготовка е уште една тартан патека во Скопје, но како негов придонес за квалификациите во Париз, Шилегов на Дрита и вети тартан патека. Дрита смета дека со тоа ќе им се овозможат подобри услови на идните генерации и на сите талентирани деца кои за разлика од неа, сега ќе имаат подобри услови за тренирање.

На прашањето од градоначалникот, каде таа го гледа Скопје во иднина, вели го гледа Скопје со подобра инфраструктура, повеќе терени за спорт, повеќе атлетски патеки, но и стадион кој и недостигана на Атлетската федерација.
За повеќе може да погледнете од видеото:

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1