ММС

Објавено на: 07/12/21 11:56 AM

Љубовта започна како на филм, заедно се 20 години – Ана и Енрике успеаја да го сокријат и раѓањето на нивната ќерка

Поранешната руска тенисерка Ана Курникова и пејачот Енрике Иглесијас (46) се заедно 20 години, а тие се познати по својата тајност, па успешно ги сокрија и раѓањето на своите три деца.

Ана на седми јули го прослави својот 40-ти роденден, а згодниот Шпанец го запозна во 2001 година кога се појави во спотот за неговата љубовна песна „Бегство“.

Тие се вљубија додека снимаа секси сцени и кога разменуваа нежности меѓу нив се гледаше хемијата, а Енрике, како и Курникова не сака да зборува за нивниот приватен живот, но тогаш тој ја пофали.

-Таа е убава, талентирана, одлична тенисерка. Не е потребен добар актер да ја љуби Ана и да го направи тоа убедливо, рече пејачот. Исто како што велат зборовите на неговата песна „Бегство“, набрзина се роди љубовна врска меѓу нив.

Не е ни чудо што Курникова беше избрана за видеото бидејќи го привлече вниманието како тинејџерка кога стана меѓународна тениска ѕвезда на 14 години.

Иако никогаш не освоила соло титула, таа во 2000 година беше осма тенисерка во светот.

Во 2017 година некои светски медиуми пишуваа како тие повеќе не се заедно, па потпаролот на парот ги негираше овие пишувања, и изјави дека Енрике и Ана се заедно, па по ова и тенисерката откри што мисли за бракот.

-Никогаш нема да се омажам. Сè е во ред со нас”, рече таа. Списанието цитираа и изјава на пејачот во која тој изјави дека со години се обидувал да се ожени со својата мила, но таа не обрнува внимание на тоа.

Ана и Енрике покажаа колку се среќни затоа што ја крунисаа својата долга врска, па почнаа да споделуваат фотографии на Инстаграм често со децата. Парот успешно го сокри и раѓањето на третото дете, ќерката Мери, која ја добија на 30 јануари 2020 година.

 

Извор: Денес.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1