ММС

Објавено на: 07/12/21 11:35 AM

Македонските олимпијци во петок заминуваат за Токио – МОК ја објави конечната листа на учесници

Македонскиот олимписки комитет ја објави конечната листа на најдобрите македонски спортисти  кои ќе настапат на одложените Олимписки игри Токио 2020 од 23 Јули до 8 Август 2021 година.

Миа Блажевска – пливање 100 м, Борјан Бранковски– спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол, Дејан Георгиевски – таеквондо  (+80 кг), Филип Деркоски – пливање 400 метри, Пулексенија Јованоска – карате, Магомедгаджи Нуров – борење слободен стил – 97 кг, Арбреша Реџепи – џудо 52 кг и Јован Стојоски – атлетика 400 м.

Првата група спортисти, членови на Олимписката делегација на МОК ќе заминат за Токио на 16 Јули 2021 година од Скопје преку Виена до Токио.

Први од македонските спортисти ќе настапат Филип Деркоски (пливање – 400 м.) и Борјан Бранковски, спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол кои на Олимписките игри ќе настапат на 24 јули. Арбреша Реџепи (џудо – 52 кгр) ќе настапи на 25 јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во нејзината категорија. Георгиевски (таеквондо) во категоријата +80 кгр ќе настапи на 27 јули, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал во неговата категорија.

Миа Блажевска Еминова ќе настапи на трката на 100 м. (пливање) на 28 јули.

Јованоска Пулексенија (карате, кати) ќе настапи на 5 Август, а истиот ден ќе се одржат и борбите за медал. Стојоски Јован (атлетика) во трката на 400 м. ќе настапи на 1 Август, а финалето на оваа трка е на 2 Август 2021 година.

Последен ќе настапи Нуров Магомедгаджи (борење слободен стил, 97 кг.). Неговите борби во осмина финалето започнуваат на 6 Август, а следниот ден ќе се одржат и борбите за медал во оваа категорија.

Шеф на македонската олимписка делегација ќе биде спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски, а во делегацијата одговорен за здравствениот статус на македонските олимпијци ќе биде д-р Небојша Настов.

 

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1