ММС

Објавено на: 07/12/21 10:46 AM

И вакцинацијата на деца ќе биде со закажување: Родителите и старателите да ги пријават на vakcinacija.mk

Вакцинацијата против коронавирусот кај децата сепак ќе почне од петок. Иако министерот, Венко Филипче најави дека децата на возраст од 12 до 16 години ќе може да се вакцинираат од денеска, тој се предомисли. Претпладнево информираше дека родителите односно старателите ќе треба да ги пријават своите деца на vakcinacija.mk за да добијат термин.

„Во однос на вакцинација на децата, ќе треба да се закажуваат термини. Тоа ќе биде  на сајтот vakcinacija.mk почнувајќи од денеска до четврток и после тоа ќе се поделат термините за вакцинирање на децата поради тоа што вакцината на Фајзер кога еднаш ќе се отвори мора да се вакцинираат 6 лица, бидејќи во вијалата има 6 дози“, објасни Филипче.

Тој рече дека доколку за вакцинација се јават едно или две деца, ќе се јави ризик од фрлање на вијалите – нешто што здравствените власти не сакаат да се случи.

„Родителите или старателите ќе може да ги пријавуваат децата и понатаму од петок ќе почне и апликацијата на вакцините“, додаде министерот.  Имунизирањето на децата на овој начин ќе биде на доброволна основа, а ќе се одвива на пунктовите во здравствените домови. Тие ќе се вакцинираат со вакцината на Фајзер бидејќи согласно препораките во внатрешното упатство, таа е единствената која е дозволено да се користи за оваа актегорија на деца.

 

В. Ми


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1