ММС

Објавено на: 07/12/21 10:29 AM

Расчистена “тешка кражба на дрзок начин“ во Скопје

МВР информира дека вчера била расчистена кражбата на „дрзок начин“.

-На 11.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар биле лишени од слобода Н.А.(57) и З.Ј.(52), и двајцата од Скопје, непосредно по извршено  кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“, на Плоштад Филип Втори во Скопје. Тие од С.Б.(20) од Скопје, одзеле пари.
Лицата биле приведени во полициска станица, а парите се одземени и вратени на сопственикот. По комплетно документирање на случајот ќе следува кривична пријава ,по член 236 став 3 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1