ММС

Објавено на: 07/12/21 10:01 AM

Изобилство од музика, театар, концерти – Вечерва старува 61 издание на „Охридско лето“

Вечерва на Антички во Охрид ќе биде отворен о  61 издание на најголемата музичко-сценска манифестација во земјата, фестивалот „Охридско лето“, кој на охрагани, но и на туристите ќе им понуди богата програма. Вечерва честа да го прогласи фестивалот з аотворен ја има големиот музичко-сценски спектакл „Големиот Чајковски“, кој ги содржи најубавите дела на рускиот композотор, со изведби на делови на балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Под диригентска палка на  Бисера Чадловска на сцената на фестивалот ќе се појават над 90 балетски првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет.

Во периодот додека трае фестивалот, следниот месец и половина, на сцната на Антички ќе продефилираат 34 уметнички концерти и шест театарски претстави, во кои ќе учествуваат над 500 уметници од 18 земји.

Вечерва фестивалот ќе го отвори покровителот, претседателот Стево Пендаровски, а ќе се обрати и министерката за култура Ирена Стефоска.

Според информациите  од одговорните на фестивалот  на задоволство на охригани и туристите, на сцената на Антички ќе настапат големи имиња како Александар Штаркман, Ѓуљсин Онај, Вихан квартет, Ирина Графенауер, Мате Бекавац, Кирил Родин, Жени Захариева, Маја Богданович, Даниел Родан, Стојан Димов и Дино Имери, Дарко Костовски, Васко Дантас, барокниот ансамбл „Театро ала мода“ и Горѓи Цинциевски. Ќе може да се види и настапот на Саимир Пиргу и Мерита Таршана, гудачки квинтет на филхармонијата од Загреб, на чиј концерт ќе настапи нашиот виолинист Александар Иванов, потоа Калина Мрмевска, Надја Неволовиќ, женскиот хор „Менада“,  под раководство на диригентот Ивица Зориќ, мешаниот хор на филхармонијата од Приштина, Елоизе Карлин, Барокни дијалози со камерниот ансамбл на Македонска филхармонија, Алесандро Фатони и Џорџо Мартану, Петру Иуга и Михаил Хориа, Хајди Елзесер и Ненад Лечиќ, Лирска вечер со фестивалски камерен оркестар и вокални солисти под диригентската палка на Паскал Галоа, Захариас Тарпагос и Валерија Харитиду, дуото гитари Горан Кривокапиќ и Даниел Церовиќ, Владимир Марковиќ и Јулијана Шуловиќ, Драган Средојевиќ и Ненад Ивовиќ.

Како што е најавено на сцената на Антички ќе се играат претстави од  четири домашни театарски продукции, а ќе гостуваат уште и актерските екипи на Српското народно позориште од Нови Сад и Југословенскиот драмски театар од Белград.

Во „офф програмата“, пак, планирани се концертот на Националниот ансамбл „Танец“ кој јубилејот по повод 70-годишнината од формирањето ќе го одбележи со настап заедно со националниот хрватски ансамбл „Ладо“,  роденденски концерт на „Синтезис“, но и најновиот проект „Нашата вечер во Охрид“ што српскиот драмски уметник и актер Иван Босиљчиќ специјално го подготви за „Охридско лето“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1