ММС

Објавено на: 07/12/21 9:04 AM

(Видео) Италија во еуфорија ги дочека јунаците, а Шкотите и фаќаат сеир на Англија

Од северот до југот, Италија гореше. Ерупција, еуфорија, лудница завладеа на улиците во Милано, Рим, Неапол, Торино, Џенова… Италија среде Лондон ја совлада Англија и по вторпат стана првак на Европа.

– Тоа е неверојатно, неверојатно, не можете да се чувствувате подобро од ова, победивме во финале – рече Стефано Гуки, навивач во гужвата на Пјаца Дел Пополо во Рим каде што играчите утринава пристигнаа со победничкиот пехар.

 

Навивачите го пофаликја селекторот Роберто Манчини затоа што ја извлече земјата од длабокото разочарување откако не успеаја да се квалификуваат за Светското првенство во 2018 година во Русија, а сега имаат 34 натпревари по ред без пораз. Им недостасува уште еден да го изедначат апсолутниот рекорд.

– Голема благодарност до Роберто Манчини и нашите играчи кои добро ја претставија Италија – рече италијанскиот претседател Серџо Матарела.

 

Ќе се слави во Италија уште неколку дена познавајќи ја традицијата на италијанскиот фудбал. Навивачите ги преполнија големите плоштади, а славеа во средишното италијанско гратче Јези.

– Тоа е многу важно за Италија, а посебно за нас – рече еден фан во Јези кој носеше огромно италијанско знаме.

А во Глазгов заедно славеа и Италијаните и Шкотите кои им се ситат на Англичаните за поразот во финалето.

 

Извор: 24sata.hr

 

Фото: FIGC, Twitter,


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1