ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 07/11/21 11:05 PM

Италија е нов европски првак, Англичаните замолчени на „Вембли“

Пред неколку години легендарниот Џиџи Буфон се прости од италијанската репрезентација и им порача на навивачите да не тагуваат по него затоа што тимот има достоен наследник. Вечерва на „Вембли“, неговиот наследник Џиџи Донарума му врати на Буфон за пофалбите и со три одбранети пенали во финалето и ја донесе втората европска титула на Италија.

Англиските фанови сакаа утрешниот ден да го прогласат за неработен за да слават, но сега ќе мора да земат и боледување за да се опорават од тешкиот пораз на легендарниот “Вембли“ со 3-2 на пенали.

Италијанците слават сосема заслужено затоа што покажаа чисто срце и силна глава како што еднаш кажа Џорџо Кјелини. А, капитенот на Јувентус покажа како се сака и игра фудбалот на 37-годишна возраст.

 

фото: The Guardian

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1