ММС

Објавено на: 07/11/21 8:04 PM

Десет летни намирници кои содржат голем процент на вода

Храната што содржи голем процент на вода е одлично решение за летните денови кога е исклучително важно телото да биде хидрирано. Таквата храна е од голема помош, особено за оние луѓе кои не сакаат да пијат вода.

  1. Краставици – 96 проценти
    Солиден извор на витамини Ц и А, оваа храна содржи повеќе од 90 проценти вода во неа. Исто така, краставиците се нискокалорична храна и секогаш се вкусен додаток на разни салати.
  2. Зелена салата – 96 проценти
    Ова е одлична комбинација на нискокалорични храна и богата со вода. Поточно, зелената салата содржи 96 проценти вода и е одличен извор на влакна.
  3. Домати – 95 проценти
    Ова е уште една храна која е солиден извор на витамин Ц и има мала содржина на калории. Доматите содржат дури 95 проценти вода и се незаменлива храна во исхраната на повеќето луѓе во летните месеци.
  4. Лубеници – 92 проценти
    Омиленото летно овошје на повеќето луѓе е лубеницата. Ова не е изненадувачки затоа што е многу вкусно и слатко овошје. Лубеницата е на оваа листа токму затоа што содржи дури 92 проценти вода.
  5. Спанаќ – 92 проценти
    Овој зелен зеленчук содржи 92 проценти вода и е богат со магнезиум, калиум и витамини од групата Б. Поради овие состојки, консумирањето спанаќ може да го зголеми нивото на енергија во организмот.
  6. Зелени пиперки – 92 проценти
    Зелените пиперки се исто така на оваа листа бидејќи содржат дури 92 проценти вода. Покрај тоа, тие се богати со витамини и минерали, вклучувајќи витамин Ц, тиамин, витамин Б6, бета-каротен и фолна киселина.
  7. Јагоди – 90 проценти
    Слаткото овошје што многу луѓе го обожаваат дефинитивно се јагоди. Освен што се богати со антиоксиданти и витамин Ц, јагодите содржат повеќе од 90 проценти вода во нив.
  8. Диња – 90 проценти
    На оваа листа е уште едно вкусно овошје со висока содржина на вода, од дури 90 проценти. Покрај тоа, дињата е богата со калиум, кој е исто така неопходен за добра хидратација.
  9. Портокали – 87 проценти
    Тие содржат 87 проценти вода и се еден од најдобрите извори на витамин Ц. Грејпфрутот, исто така, има висока содржина на вода и може да послужи како одлична замена за портокалите.
  10. Ананас – 87 проценти
    Уште едно сочно овошје кое има голема содржина на вода, овој пат 87 проценти. Ананасот е исто така една од храната која е одличен извор на витамин Ц.

Преземено од: https://zadovoljna.dnevnik.hr/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1