ММС

Објавено на: 07/11/21 6:52 PM

(Видео) Ричард Бресон одлета во вселната

Британскиот милионер Сер Ричард Бренсон ја исполнува својата животна желба – да лета до работ на вселената.

Тој се издигна со ракетен авион на неговата компанија „Вирџин Галактик“ до височините каде небото станува црно, а хоризонтот на Земјата се извива во далечината. Летот ќе трае 90 минути, а мисијата започна кратко по 16:30 часот по наше време, од Ново Мексико.

Претприемачот пред патувањето рече дека „сака да го оцени искуството пред да го направи достапно на другите следната година“.

„Како дете сакав да одам во вселената, но и да им дозволам на стотици илјади други луѓе да го сторат тоа во следните 100 години“, изјави Брансон за Би-Би-Си.

Тука може да следите во живо:

И тој праша „Зошто да не одиме во вселената? – Универзумот е извонреден, величествен. Сакам луѓето да можат да ја видат нашата прекрасна Земја за да можат по враќањето дома да се грижат повеќе за неа“, додаде тој.

Вселенското летало, според Би-Би-Си, ќе помине над 80 километри надморска височина, што САД го сметаат за граница на вселената.

Патниците, Брансон и уште тројца вработени во „Вирџин Галактика“ ќе можат да се одврзат и да уживаат во бестежинска состојба неколку минути.

Вселенското летало потоа ќе се врати на пистата од која замина.

Брансон рече дека сака да го оцени искуството за идните клиенти што се очекуваат од 2022 година.

Околу 600 луѓе веќе купиле билети во опсег од 200 000 до 250 000 долари.

Преземено од:https://ba.n1info.com/

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1