ММС

Објавено на: 07/11/21 6:15 PM

Беквалац го оправда надимакот „барбика“ со минијатурното розево бикини

Поп-ѕвездата Наташа Беквалац моментално е во Црна Гора, а новата фотографија во костим за капење предизвика лавина коментари.

Пред да замине на плажа, Наташа позираше во хотелот во кој е сместена, во розево бикини што ги истакна нејзините облини, но и тетоважата на незгодно место.

Во последните месеци пејачката напорно тренираше и ја почитуваше диетата што и ја препиша нутриционист, а резултатите се многу видливи.

Бујните гради, извајаниот струк и тесниот стомак не оставија никого рамнодушен, а многумина ја забележаа и тетоважата што Наташа ја има на страна, а која одамна му ја посвети на својот прв сопруг Данило Икодиновиќ.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1