ММС

Објавено на: 07/11/21 4:19 PM

Теренската вакцинација започнува утре во над стотина населени места во општините низ државата

Министерот за здравство Венко Филипче ја објави листата на населени места каде ќе се врши теренската вакцинација почнувајќи од утре, 12 ти јуни.
– Делчево – Дулица
– Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште
– Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино
– Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ
– Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ
– Свети Николе – Лозово
– Кратово – Сакулица(Татомир,Вакав) Шопско Рударе, Коњух
– Виница – Грлани, Калиманци
– Демир Хисар – Слепче, Белче, Граиште
– Струга – Радожда, Калишта
– Ростуше – Врбјане
– Дебар – Новак, Брештани, Праленик, Коџаџик, Елевци, Долгаш
– Струмица – Водоча, Вељуса,
– Босилово – Секирник, Петралинци
– Неготино –Криволак
– Радовиш – Раклиш, Калузлија, Подареш, Ораовица
– Пробиштип – Турско Рудари
– Валандово – Чалакли, Башибос, Кочули, Прстен
– Кочани – Облешево
– Кичево – Аранѓел, Жубрино, Поповјани, Јагол, Јагол Доленци
– Кавадарци – Бегниште, Ресава
– Битола – Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица, Гермијан
– Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа
– Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино
– Македонски Брод – Самоков
– Велес – Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец
– Крива Паланка – Дурачка Река, Станци
– Куманово – Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац, Челопек, Алгуња, Драгоманце Добрача, Коинце, Пузаљка, Врачовце, Пелинце
– Скопје – Буковиќ, Бојане, Ласкарци, Чајлане
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници. Со помош на локалните медиуми и плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот во кое село, населба или рурално населено место ќе се врши вакцинација, напиша министерот Филипче.

Тој преку објавата на Фејсбук замоли за поддршка од секој граѓанин во овој процес.
„Имаме мирна епидемилошка состојба и доволно вакцини односно идеални услови да вакцинираме што поголем број на граѓани. Комуницирајте со вашите блиски и познати ако сеуште не се вакцинирани да го направат тоа во најбрз рок. Само така ќе ја победиме пандемијата“, напиша Филипче.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1