ММС

Објавено на: 07/11/21 3:53 PM

Залутани куршими во скопско – Едниот пронајден во базен, другиот удрил во влезна врата од балкон

Залутан куршум во двор во село Драчево пријавиле граѓаните вчера во полициска станица, за сличен таков случај полицијата во денешниот билтен информираше и во с.Стопански Двор каде на влезната врата од балконот удрило заталкано зрно.

„Вчера во 15:45 часот М.А.(45) од Скопје пријавил дека на место викано „Геран” атар на с.Драчево во двор од викенд куќа, во базен,, паднало залутано зрно.Вчера во 17:09 часот С.К.(69) од Скопје, пријавил дека околу 16:30 часот во с.Стопански Двор на влезната врата од балконот удрило заталкано зрно“, информираат од МВР.

И во двата случаи нема повредени лица, а од МВР велат дека се работи на расчистување на случаите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1