ММС

Објавено на: 07/11/21 3:48 PM

Товарен воз удри во мигранти кај Криволак, еден загинат

Еден починат мигрант и други повредени на железничката пруга Гевгелија – Скопје, кога товарен воз удрил во мигрантите.

„Денеска во 00:40 часот било пријавено дека на пругата Гевгелија-Скопје во близина пред железничка станица Криволак, во железничка несреќа во која учествувал товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје биле повредени мигранти, а едно лице од здобиените повреди починало на пат кон болница. Со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а со телесни повреди се здобиле три лица, констатирани во болниците во Велес, Неготино и Кавадарци. Неповредените шест мигранти биле предадени на полициски службеници од РЦ ГР Југ за понатамошна постапка. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино“, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1