ММС

Објавено на: 07/11/21 1:21 PM

Неоснована репресија и класична тортура врз Камчев, смета неговата одбрана по одлуката на обвинителството

Одбраната на притворениот Орце Камчев со реакција во јавноста поради одлуката на судот да не биде прифатена гаранцијата која ја нудеше Камчев за поблага мерка, домашен притвор.

Во писменото обраќање на одбраната велат дека Јордан Камчев е со видливо влошена здравствена состојба и истата продолжува да се влошува бидејќи во КПУ Затвор Скопје не постојат соодветни медицински и санитарни услови за третирање на конкретната здравствена состојба.

„Пред само неколку денови, г-динот Камчев, пет дена беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија во Скопје. Г-динот Камчев има фамилијарен историјат на кардиоваскуларни заболувања, самиот тој за истата здравствена проблематика практикува терапија од својата 15 годишна возраст. По неговото последно влошување на состојбата додека ја издржува мерката притвор и неговата хоспитализација на Клиниката за кардиологија, со оглед на ситуацијата, постои голема загриженост за сериозен ризик по неговото здравје“, стои во реакцијата на одбраната.

Јавното обвинителство е овластен предлагач за определување на мерки за обезбедување и  според досегашната судска пракса на кривични постапки судот секогаш ги засновал своите одлуки за определување на мерки за обезбедување на присуство во рамките на предлозите поднесени од јавното обвинителство.

„Во ситуација кога подносителот на обвинението, односно јавното обвинителство, кое ја отпочнало самата кривична постапка и истата ја довело до судска постапка, смета дека повеќе не постојат причини и потреба да му бидат строго ограничени слободите и правата на обвинетиот, судот не би смеел да ја оценува волјата и ставот на јавното обвинителство и да одлучи единствено на штета на обвинетиот. Оттука,  целосно небулозно е ваквото постапување на судот кое не соодејствува со законски определената улога на судот во кривичната постапка па поради тоа, се отвора и прашањето за незавиност и непристрасност на судот во случајот со г-динот Камчев“, стои во реакцијата.

Според сите овие факти и сето она кое тие како одбрана и јавноста го следи и сведочи повеќе од четири месеци за овој случај можеме јасно да заклучиме дека се работи за веќе видливо неоснована репресија врз г-динот Камчев, личен анимозитет кон г-динот Камчев како и класична тортура која веќе секако беше потврдена и од Народниот правобранител, велат од одбраната.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1