ММС

Објавено на: 07/11/21 12:07 PM

Апокалиптични сцени од САД: Шумски пожари беснеат, а пожарникарите со огнената стихија се борат во екстермни услови

Шумските пожари беснеат во западниот дел на Соединетите држави, кои беа погодени од топлотен бран, а во неколку области се забележани рекордно високи температури.

Граѓаните се евакуираат додека пожарникарите се борат со пожарите во екстремни услови, пренесува Би-Би-Си.

Рекордно висока температура од 47,2 степени Целзиусови е забележана во Лас Вегас, а температура од дури 54,4 степени Целзиусови е регистрирана во Долината на смртта во Калифорнија.

Пожарникарите кои се борат со пожарите велат дека воздухот е толку сув што поголема количина на вода што се фрла од авионот, со цел да го изгасне пожарот, испарува пред да стигне до земјата.

Најновиот топлотен бран го погоди западниот дел на Соединетите Држави откако веќе го погоди северниот дел на таа земја.

Според програмата за набудување на Земјата на ЕУ, јуни годинава беше најтопол во САД.

Преземено од: https://www.novosti.rs/
Фототграфија: Tanjug/AP Photo


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1