ММС

Објавено на: 07/11/21 11:52 AM

Радев: Во Скопје сами да ја отстранат блокадата

Претседателот на Бугарија, Румен Радев ги коментираше односите и преговорите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, откако денеска гласаше на изборите во Софија.

-Политиката на Бугарија кон Северна Македонија не зависи од тоа која влада е на власт и каков ќе биде парламентот, туку од водењето отворен конструктивен дијалог меѓу Скопје и Софија и тој треба да се води меѓу двата главни града. Не во Брисел или Париз, и зависи од критериумите што ќе ги исполни Скопје за членство во ЕУ, рече Радев, одговарајќи на новинарско прашање дали новата влада ќе ја смени својата политика кон Скопје.

Прашан дали Бугарија ќе ја отстрани блокадата, Радев со одговор „нашите пријатели од Северна Македонија и раководството на земјата мора самите да ја отстранат блокадата”.

– Таа не е бугарска, потребни ни се вистински, одржливи резултати за членство во ЕУ, за промена на учебници, споменици со нивни натписи, музеи, јавни медиуми, за искоренување на говорот на омраза – кога ќе падне границата, нашите млади не треба да се мразат, изјави тој.

Радев потенцира дека тоа не зависи од Бугарија, туку од државата, Република Северна Македонија, која мора да има јасни и одлучни активности.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1