ММС

Објавено на: 07/11/21 9:38 AM

Милијардерот Бренсон за неколку часа ќе полета во вселената

Компанијата „Вирџин галактик“ на милијардерот Ричард Бренсон ќе изврши пробен туристички лет во вселената денес во 15 часот по средноевропско време, а преносот во живо ќе можете да го следите на Спутник.

Брансон ќе биде меѓу шесте патници во крилестата ракета што ќе полета од наменскиот комерцијален космодром „Спејс Порт Америка“, во американската сојузна држава Ново Мексико.

Join us July 11th for our first fully crewed rocket powered test flight, and the beginning of a new space age.
The countdown begins. #Unity22
https://t.co/5UalYT7Hjb. @RichardBranson pic.twitter.com/ZL9xbCeWQX
— Virgin Galactic (@virgingalactic) July 1, 2021

Компанијата изјави дека преносот во живо ќе започне во 7 часот по локално време, што е во 15 часот по средноевропско време, пренесуваат американските медиуми.

Носачот-авион ќе полета од пистата и ќе го лансира леталото „ВСХ Uniqe“ на надморска височина од 15 километри, а двајца пилоти ќе пукаат со ракетни мотори што ќе го однесат леталото над 80 километри надморска височина што САД ја сметаат за граница на вселената.

Патниците, Брансон и претставниците на неговата компанија ќе можат да се одврзат и да уживаат во бестежинска состојба неколку минути.

Авионот потоа ќе се врати на пистата од која полета. Брансон сака да го оцени искуството за идните клиенти што се очекуваат за во 2022 година.

Околу 600 луѓе веќе купиле билети во опсег од 200 000 до 250 000 доалри.

Компанијата на другио милијардер, Џеф Безос, „Blue origin“ ќе го лансира своето летало на 20 јули, на годишнината од првото слетување на Месечината во 1969 година. Ракетата „Њу Шепард“ е именувана по Алан Шепард, првиот Американец во вселената.

Иако се најавуваше со години, ерата на вселенскиот туризам ќе зависи од успехот на овие пробни летови.

Во 2014 година се сруши авионот „Вирџин Галакси“, при што загина пилотот, што предизвика големо одложување на програмата.

Преземено од: https://rs-lat.sputniknews.com/

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1