ММС

Објавено на: 07/11/21 8:33 AM

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови

Сонце денеска ќе имаме во претпладневните часови со умерена облачност, а во попладневните часови се очекува појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер на повеќе места, информираат од УХМР.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Утре попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1