ММС

Објавено на: 07/11/21 12:07 AM

(Видео) Ечеше Скопска чаршија од Лазарополе до тетовско јаболче – Концерт за 30 години бисер македонски

Вечерва во Куршумли Ан во Скопје  се одржа концерт, кој беше насловен „За многу години Македонци“, а мотото на концертот беше – Македонската народна музика,  30 години бисер на независна Македонија.

Беше вистинско уживање на едно емсто да се видат и слушнат „Синтезис“, Наум Петрески и Зуица Лазова.  Беше вистинско уживање да се слушне убавата македонска музика испеана и отсвирена  од амбасадорите на македонскиот фолк.

Чаршијата ечеше со „Ој девојче“, „Оди ѕвездо“, „Лазарополе“, „Утринска коба“, „За многу години Македонци“ и други песни, кои се нивен знак на распознавање.

Публиката, која поради протоколите не беше помалубројна, но не престана да пее заедно со нив.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1