ММС

Објавено на: 07/10/21 8:51 PM

Реки по улиците, земјоделците пресреќни за дождот – Големо невреме во кичевско

– Кичево и околината во доцните попладневни часови ги зафати силно невреме проследено со пороен дожд , ветер и силни електрични празнења.
За час по улиците се создадоа вистински реки а сообраќајот се одвиваше отежнато поради повисокиот воден талог на улиците, поготово во делови каде што се затнати сливниците или воопшто нема атмосверска канализација.

Сопствениците на градинарски култури се задоволни што по подолг период ќе нема потреба да ги наводнуваат овие површини.

Се очекува денешниот дожд да ја рационализира и прекумерната потрошувачка на вода во градот и околината.

-Овој дожд ќе помогне да се намали и потрошувачката на вода за непродуктивни цели и полевање на зеленилото и бавчите по дворовите, што ќе придонесе притисокот на водата во водоводната мрежа да биде на потребното ниво и за жителите од повисоките населби и повисоките згради, што поради сушата во изминатиот месец и екстремно високите температури, имаше енормна потрошувачка на вода од 300 литри во секунда, потсетуваат од комуналното претпријатие.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1