ММС

Објавено на: 07/10/21 7:39 PM

Уживајте во свежото време, за кратко не очекуваат повторно пеколни температури!

Времето низ Македонија е променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.
Постестепено стабилизирање на времето ќе има во вечерните и ноќните часови.

Утре не очекува сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. УВ=8

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Од понеделник попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно и многу топло.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1