ММС

Објавено на: 07/10/21 6:35 PM

„Не можеш да влезеш во авион – многу си гола“ – Бодибилдерка исфрлена од летот поради нејзината женственост

Дениз Саипинар (26), бодибилдерка со турско потекло, остана на аеродромот во Далас (Тексас), откако вработените во авионот не и дозволија да се качи на летот, велејќи дека е „гола“.

Девојчето ја сподели својата приказна на Инстаграм, додавајќи дека и било кажано дека „ги вознемирува другите семејства на аеродромот“.

Со објава на Инстаграм, таа ги означи од „Американ ерлајнс“ со фотографија на која се гледа како е облечена – кафеаво топче, тексас шорцеви, патики и бел џемпер врзан за нејзината половина.

“Јас сум спортист и сега морам да чекам овде до сабајле. Сакам да носам женствена облека што ја покажува мојата женственост, но никогаш не сум се облекла така за да навредам некого. Јас сум доволно зрела и цивилизирана за да знам што може и не може. Не заслужувам да се однесувате како да сум најлошата на светот затоа што носам тексас шорцеви. По што се разликуваме од животните ако луѓето не можат да ги контролираат своите импулси?” праша боди билдерката.

 

Извор: Еспресо.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1