ММС

Објавено на: 07/10/21 5:52 PM

„Наместо да си дома со детето, скокаш по клубовите“ – Николија ја критикуваа за мајчинството

Пејачката Николија Јовановиќ со години е во хармонична врска со Релја Поповиќ со кого ја има ќерката Реа.

Неодамна се појавиле натписи дека Николија е бремена по втор пат, но пејачката на овие пишувања не се огласи.

Својата љубов и интимност се труди да ја сочува далеку од очите на јавноста, а социјалните межи ги користи исклучително за промоција на својата работа.

Николија која се врати на редовните настапи на Инстаграм често ја споделува атмосферата од настапите, меѓутоа баш и поради таа причина се најде на мета на критики.

– Немам обичај да се расправам на социјалните мрежи. Едвај чекав да ме обвини некој за тоа, па затоа и така пукнав. Не ги осудувам, луѓето на Инстаграм гледаат дека секој втор викенд сум во друг град, а Реа ја нема. Потоа помислуваат, оваа шета по светот, а детето го оставила дома. Но јас не патувам по светот, туку работам за викендите. Тоа е во склоп на работата, напишала Николија и продолжила:

– Работните денови сум дома и многу сум посветена на моето дет, како што е и Реља. Кога ја коментираа сликата од Атина, тие не знаат дека јас сум била таму и со партнерот и со детто, но тоа што не ја сликав Реа да пршти на ИНстаграм, не значи дека таа не е мојот центар на светот. Луѓето ги осудуваат книгите по корицата, а нема врска со истата, одговорила пејачката.

 

Извор и фото: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1