ММС

Објавено на: 07/10/21 5:18 PM

Поради грешка на банката стана милионер преку ноќ – Службениците му ја потврдиле состојбата, па заминал на шопинг

Кога служебниците од банката му потврдиле дека на сметката има 1.3 милиони долари тргнал во шопинг.

Бидејќи банката случајно префрлила 1,3 милиони долари на неговата сметка, граѓанин во Русија купил четири стана, два луксузни автомобили и ајфон, а поради сето тоа е осуден на шест години затвор.

Случајот со жителот на Русија, кој стана милионер преку ноќ само со банкарска грешка, е доказ дека животот може да биде суров и дарежлив

Триесет и петгодишниот Роман Јурков доби 95,2 милиони руби или 1,3 милиони долари, по техничка, дигитална грешка од страна на банката.

Јурков се израдувал на парите на сметката и заминал во шопинг. Купил четири апартмани, автомобил, скап телефон.

Се јавил во банката за да го провери салдото на неговата сметка, добил потврда што покажала дека има 1,3 милиони долари на сметката.

Тој ја искористил банкарската грешка, повлекол пари и заминал на шопинг. За 24 часа, тој направил 220 одделни трансакции.

Јурков истакнал дека бил во постојан контакт со банката, што го потврдиле и претставниците на банката.

Сметката му е замрзната, а Јурков бил уапсен. Судот го прогласил за виновен и го осудил на шест години затвор.

 

Извор и фото: Србија.данас.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1