ММС

Објавено на: 07/10/21 1:01 PM

Дамиано облече женска долна облека и обожавателките повторно „одлепија“

Дамиано Давид, ексцентричниот пејач кој со својот бенд Манескин и ја донесе на Италија евровизиската победа, речиси секојдневно ја шокира јавноста со своите невообичаени аутфити. Овој Италијанец кој ги воодушеви девојките ширум светот, уште еднаш ги фрли обожавателките во „транс“ позирајќи во женска долна облека со мрежести чорапи и високи потпетици. Фотографијата е објавена на официјалниот инстаграм профил на бендот, а на неа Дамиано позира во друштво на басистката од бендот, Викторија Де Ангелис.

Не требаше да помине многу време за тој да добие повеќе од милион лајкови и многу воодушевувачки коментари.

„Дамиано во градник изгледа подобро од мене“, коментира една од обожавателките.

„Не можам да дишам“, се вели во еден друг коментар.

Со оваа фотографија бендот го најави спотот за песната „I Wanna Be Your Slave“, кој треба да излезе наскоро.

„Уште малку“, порача Дамиано во својот коментар.

 

Извор: nova.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1