ММС

Објавено на: 07/10/21 12:00 PM

Се преврте полициско возило: Тројца полицајци се повредени

Утрово околу 3 часот по полноќ во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт” со ул.„Орце Николов”, се случила сообраќајна незгода. До незгодата дошло при судир на патничко моторно возило „шкода јети” сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар” со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје.

При тоа, со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото „шкода јети” и двајца сопатници (полициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1