ММС

Објавено на: 07/10/21 9:46 AM

Од понеделник ќе се вакцинира населението од руралните средини во охридско

Медицински тимови составени од лекар и сестра в понеделник ќе почнат со теренска вакцинација на населението од руралните средини во охридскиот регион како и во населените места на Општина Дебрца.

Имунизацацијата на населението ќе се врши со кинеската вакцина„Синовак”, а граѓаните нема да мораат да се пријавуваат преку системот „Мој термин”. Однапред се одредени местата и термините каде ќе се спроведува имунизацијата, а населението е запознаено преку информативен материјал, како и преку претседателите на месните заедници.

Предвидено е да се спроведува вакцинирање во четири до пет села дневно, а оние што сакаат да се вакцинираат доволно е само да приложат документ за лична идентификација.

Теренската имунизација во охридскиот регион е предвидено да трае до 23 јули. Инаку, паралелно се спроведува имунизација на населението во вакциналниот пункт при Здравствен дом, како и во вакцинација и ревакцинација во Регионалниот пункт во спортската сала „Билјанини извори”.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1