ММС

Објавено на: 07/10/21 9:13 AM

Откриена работилница за оружје во Љубин: Полицијата пронајде оружје и муниција

Вкупно 300 куршуми различен калибар пронашла полицијата, откако запрела патничко моторно возило „опел зафира” управувано од триесет и осумгодишен житело на селото Љубин со иницијали М.Ш.

Потоа, по добиена судска наредба извршен е претрес во домот на М.Ш. во с. Љубин и при тоа е откриена работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција – соопштија денеска од МВР.

Оттаму додаваат дека тој е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1