ММС

Објавено на: 07/10/21 7:26 AM

Отворен „Меѓународниот фолклорен фестивал „Д-р Владимир Полежиноски” во Кичево

 На отворената сцена на Центарот за култура „Кочо Рацин” од Кичево синоќа беше отворен Меѓународниот фолклорен фестивал на песна и игра „Д-р Владимир Полежиноски”.

Пред голем број посетители во центарот на градот, се претставија домаќинот на фестивалот КУД„ Рацин” од Кичево, а настапија и ансамблот„ Бајрам Цури” од Косово, фолклорното студио „Етнос” од Скопје, КУД„ Каршијака” од Скопје и КУД „Аќиф Јахја” од Теарце,Тетово.

– И покрај тешките услови што ни ги наметна пандемијата, успеавме да го одржиме континуитетот на Меѓународниот фолклорен фестивал „Др.Владимир Полежиноски”, кој се организира под покровителсво на Центарот за култура „Кочо Рацин” од Кичево, а финансиски  е поддржан од Министерството за култура без чија подршка овој фестивал беше невозможно да се реализира, истакна директорот на Центарот за култура Мазлам Османи на отворањето на фестивалот.

На втората фестивалска вечер ќе настапат локалните културно уметнички друштва КУД„ Бисер” КУД„ Ускана” и КУД„ Рацин”, сите од Кичево, како и уметничкиот ансамбл „Азис Ндреу” од Албанија и КУД „Таше Милошески” од Ресен.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1