ММС

Објавено на: 07/9/21 10:19 PM

Шефот на НАСА, Бил Нелсон: Не сме сами во вселената

Бил Нелсон, шефот на американската Национална аеронаутичка-вселенска управа (НАСА), верува дека живот во другите делови на вселената најверојатно постои.

-Мислам дека ќе добиеме некаков показател дека таму некаде горе постои интелигентен живот, порача Нелсон гостувајќи на ТВ мрежата „NBC“

Некогашниот астронаут, а денес шеф на НАСА, истакна дека вселената е исклучително стара и голема и тука се потенцијалните причини за пронаоѓање интелигентен живот во галаксијата.

-Доколку имате вселена која е стара 13,5 милијардни години, која е толку голема, постои шанса таму некаде да се наоѓа уште едно сонце и планета со атмосфера како нашата? Јас би рекол дека постои. Бараме живот на Марс, на други планети. Се обидуваме да откриеме друго сонце кое го имаат планетите, наведува Нелсон.

Тој додава дека НАСА со години се занимава со потрага по живот надвор од Земјата, реферирајќи на астробиолошката програма.

Ова не е првпат Нелсон да истакнува дека луѓето не се сами во вселената. Истото го направил и пред повеќе од две седмици, кога го коментирал извештајот во врска со НЛО-ата, што Пентагон го предаде на Конгресот и во кој е потврдено постоењето на НЛО.

 

Извор:
vijesti.ba
Фото:
aip.org

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1