ММС

Објавено на: 07/9/21 9:58 PM

Николо Мели се врати во Милано

Нецела седмица по неверојатниот успех и победата на Италија на квалификациониот турнир во Белград за Олимписките игри, еден од најискусните и најдобри италијански кошаркари, Николо Мели, повторно се враќа во Европа.

Овојпат Мели како слободен агент од НБА потпиша тригодишен договор со овогодинешниот учесник на фајнал-форот, Армани Милано. Заминувањето од Фенербахче во НБА лигата не се покажа како добар потег за италијанскиот моќен центар, па затоа сега триесетгодишниот Мели ќе се обиде да ја рестартира кариерата во Евролигата.

-Николо секогаш бил центар во нашите мисли, тој е вистински играч во својот зенит, тимски играч со неверојатна техника. Многу сме горди што по шест години во НБА и одлична кариера, успеваме да го вратиме назад. Ова е среќен ден за сите, изјави генералниот менаџер на клубот, Кристос Ставропулос.

Мели ја започнува кариерата во Реџио Емилија, дебитирајќи во Сериа А со истиот клуб. Во 2010 година, центарот се сели во Олимпија Милано и останува таму цели четири години. Со миланскиот клуб го освојува домашното првенство во 2014 година.

 

 

Фото:

dallasnews.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1