ММС

Објавено на: 07/9/21 9:38 PM

Kиелини: Шест мечеви на домашен терен, очекувано беше дека Англичаните ќе играат во финале

Aнглија во своето прво, Италија во своето четврто финале на Европските првенства. Англија за прво злато, Италија за второ, по освоеното 1968 година и вице-шампионската позиција во 2000 и 2012 година.

Во недела на „Вембли“, „Гордиот Албион“ и „Аѕурите“ ќе ги вкрстат копјата пред повеќе од 60.000 англиски навивачи, во обид да ја покорат фудбалска Европа. Токму и 60.000 фанови на Англија кои ќе бидат присутни на легендарниот стадион во Лондон, за поголемиот дел од јавноста претставуваат сериозен проблем и причина плус да се гледа на Англија како фаворизирана репрезентација од повеќе аспекти.

Еден од низата кои се приклучуваат на овој критички наратив е и капитенот на италијанската селекција, Џорџио Киелини. Дефанзивецот на Јувентус малку и цинично го коментираше опонентот, велејќи дека нивното место во финалето е и повеќе од очекувано.

-Беше очекувано Англија да се најде во финалето на ЕУРО, затоа што од седум натпревари на турнирот, шест играа на домашен терен, изјави Киелини за италијанските медиуми.

Дисперзираното првенство кое според УЕФА требаше да биде „шанса за сите“, испадна на крајот дека е турнир во кој „некои се поеднакви од другите“.

 

 

Фото:

givemesport.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1