ММС

Објавено на: 07/9/21 8:06 PM

Новак Ѓоковиќ е во финалето на Вимблдон, Шаповалов немоќен пред рекетот број еден

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, со победата над Денис Шаповалов (7:6, 7:5, 7:5) по седми пат во својата кариера се пласираше во финалето на Вимблдон.

За триесеттото финале на Гренд Слемовите, на српскиот тенисер му требаше малку повеќе напор од претходните дуели, иако гледајќи го крајниот резултат и 3:0 во сетови, впечатокот е поразличен. Асот број еден во натпреварот влезе побавно од вообичано, дозволувајќи му на Канаѓанецот со руски корени рано да стигне до брејк.

Шаповалов беше на чекор до освојување на првиот сет, откако при предност 5:3 во гемови пропушти уште еден брејк и полесен пат кон финалето во продолжението. Добриот отпор на Шаповалов и разбудувањето на Ѓоковиќ го однесоа мечот во неизвесен и возбудлив тај-брејк, а таму веќе и стандардно – Србинот го потврди сетот.

Линијата на раздвојување во вториот сет претставуваше десетиот гем, кога Ѓоковиќ конечно успеа да го скрши мразот и да ја преземе предноста на сервисот на својот опонент. Во третиот сет, канадскиот играч повторно пружи добра игра, но и нему како да му беше јасно дека излез од ситуацијата не постои. Србинот направи брејк на 5:5, исто како и во претходниот сет и избегна тај-брејк соочување.

Недела од 15:00, Ѓоковиќ ќе се сретне со фантастичниот Италијанец на турнирот, Матео Беретини. Светскиот рекет број еден за дваесеттата Гренд Слем титула и изедначување на рекордите на Рафаел Надал и Рожер Федерер, додека пак Беретини за прва на тревникот во Лондон.

 

 

 

Фото:

Twitter /@Wimbledon


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1