ММС

Објавено на: 07/9/21 5:34 PM

Лавров: Русија нема да биде вклучена во настаните на териториите на Авганистан

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакна дека настаните во Авганистан предизвикуваат загриженост, и дека Русија нема да биде вклучена доколку настаните би се одвивале само на териториите на Авганистан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Лавров на прес-конференцијата по средбата со неговиот индиски колега Субрахманјам Џаишанкар во Москва, потсети дека продолжуваат судирите во Авганистан.

„Случувањата во Авганистан нас нѐ загрижуваат само од аспект на проширување на проблемите кон териториите на нашите сојузници“, рече Лавров.

Тој нагласи дека Талибанците ја презеле контролата врз контролните точки на границата со Иран и со Таџикистан.

„Русија нема да направи ништо доколку настаните би се одвивале само на териториите на Авганистан. Нема да направиме некој чекор, освен да инсистираме на нашиот апел за брзо започнување на политичкиот процес за кој усно ветија сите Авганистанци“, додаде тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1