ММС

Објавено на: 07/9/21 4:46 PM

Пристигна донација од 100.000 вакцини на „АстрЗенека“ од Грција, објави министерот Филипче

Денес во земјава пристигна донација од 100.000 вакцини од производителот „АстраЗенека“ од нашиот сосед Република Грција. Донацијата е на лична иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, што му ја има ветено на нашиот премиер, Зоран Заев, напиша министерот за здравство, Венко Филипче, на својот „Фејсбук“ профил.

-Уште еднаш се потврдуваат добрососедските односи и поддршка кои се особено значајни во време на пандемија. Голема благодарност до грчкиот народ, владата на Република Грција и амбасадорот на Грција во нашата земја, Н. Е Русос Кундурос со кој утрово ги пречекавме вакцините. Истите веднаш ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови и наменети за лица над 60 години согласно нашата стратегија за вакцинација, стоеше во објавата.

Вакцинацијата забрзува и од понеделник сите граѓани ќе може без закажан термин да се вакцинираат против коронавирус.

 

 

Фото:

Facebook / Венко Филипче

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1