ММС

Објавено на: 07/9/21 3:32 PM

Пронајдени мигранти од Бангладеш во возило во Штип

СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ш. (22) од с.Студеничани, скопско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“, информираат од МВР.

На 01.07.2021 околу 13.45 часот во Штип од полициски службеници од Полициска станица Велес во патничкото возило „мерцедес“ во кое бил пријавениот, биле пронајдени осум мигранти од Бангладеш, а пријавениот бил лишен од слобода.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1