ММС

Објавено на: 07/9/21 2:28 PM

Помалку венчавки, но и разводи во пандемиската година во Србија

Во Србија, во 2020 година биле склучени 23.599 бракови, една третина помалку од минатата година, додека се развеле околу 8.687 брачни парови – што е намалување за 20,3 проценти во споредба со 2019 година.

Повеќе од половина од минатогодишните бракови биле склучени за прв пат, а мажите кои влегле во брачните води биле во просек 34,8 години, додека жените тоа го правеле малку порано, во просек на 31,5 години, според податоците на Републичкот биро статистика.

Претежно парови од иста националност влегувале во брачен живот, 76 проценти од двата сопруга биле вработени, а најголемиот број на бракови се карактеризирал со исто ниво на образование на сопружниците.

Од друга страна, повеќе од половина од брачните парови кои имаат деца одлучиле да се разведат, додека просечното времетраење на разведен брак е 13,6 години. Во исто време, разведените сопрузи имале просечно 44,5 години, а сопругите 41 година.

Податоците за браковите забележани во период од пет години покажуваат дека мажите и жените стапуваат во брак подоцна, но подоцна и се разведуваат. Разликата во возраста помеѓу сопружниците во просек е нешто повеќе од три години, а мажите обично се постари од жените.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1