ММС

Објавено на: 07/9/21 1:39 PM

Министерството за правда се правда: Не пиеме кафе од кафемат од милион евра – Бирото за јавни набавки ја корегираше грешката

На агрегаторот за вести Тајм.мк во делот за проверка на јавните набавки преку Бирото за јавни набавки се појави информација дека Министерството за правда потрошило над милиони евра за набавка на кафемат и оваа информација ги збесна социјалните мрежи.

На Бирото за јавни набавки пишуваше дека министерството за правда склучило договор со фирмата Медикал маркетинг ДООЕЛ за набавка на кафемат со полтрони (наместо со патрони) во висина од 70.800.000 денари, односно 1.151.220 евра.

Но, Министерството за правда ги демантирашре информациите дека набавило кафемат во вредност од над милион евра.

„Станува збор за грешка на веб-страницата на Бирото за јавни набавки, кое по реакција на Министерството е коригирана. Министерството за правда има склучено договор со фирмата „Медикал маркетинг” ДООЕЛ за годишна набавка на кафе во вредност до 60.000 денари (без ДДВ). Кафематот за кој се пишува дека чини над милион евра е добиен од истата фирма на користење без надомест, односно Министерството нема трошоци за него и ќе биде вратен по истекот на договорот. Вредноста не мора да биде искористена во целост доколку вредноста на доставеното кафе е помала од истата, односно колку ќе се потроши толку ќе се плати за една година, при тоа да не се надмине износот од договорот„ соопштија од Министерството за правда.

(О.К.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1