ММС

Објавено на: 07/9/21 1:11 PM

Почина еден пациент од Ковид-19, регистрирани нови десет случаи

Во последните 24 часа регистрирани се десет нови случаи на Ковид-19 од направени 2.960 тестирања, петмина оздравени пациенти и еден починат, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Во Скопје се регистрирани пет нови слуачаи на Ковид-19, во Тетово четворица и во Битола еден. Во болнички услови почина еден пациент (64) од Струмица. Регистрирани се и петмина оздравени пациенти и тоа тројца од Скопје и по еден во Крива Паланка и во Берово.

Направени се 2.960 тестови: во ИЈЗ-102, ЦЈЗ Скопје-50, ЦЈЗ Битола-32, ЦЈЗ Прилеп-27, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово–17, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија 0, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-67, Авицена-253, Биотек-174, Систина-96, лабораторија Лаор-158, Синлаб-17, Ремедика-21, Плодност–18, Генеа–10, Никоб лаб-704, ВФВ Медикал-35, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.133. Досега во земјата се направени вкупно 903.125 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, на оздравени пациенти е 150.123, а на починати 5.487. Активни се 160 случаи, од кои 58 во Скопјер, 38 во Тетов, 13 во Кичево, по 11 во Охрид и во Куманово.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1