ММС

Објавено на: 07/9/21 11:49 AM

Расчистена „тешка кражба на дрзок начин“, информираат од МВР – Кавадарчанец крадел во Кочани

Министерството за внатрешни работи информира дека е расчистена „тешка кражна на дрзок начин“ во Кочани.

 

-Вчера  во 13 часот во Кочани од страна на полициски службеници од ОВР Кочани е лишен од слобода Р.А.(21) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Завчера ( 07.07.2021) во ОВР Кочани беше пријавено дека околу 12 часот непознат сторител од куќа на ул.„Евлија Челеблија“ во Кочани одзел пари, накит и други предмети.  Набрзо од страна на полициски службеници утврден е идентитетот на сторителот Р.А., кој е приведен, а дел од украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците. По комплетно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Кочани, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1