ММС

Објавено на: 07/9/21 11:52 AM

Шара гори! Жештината и неодговорното однесување на лугето го предизвикуваат пожарот

Беснеат пожарите во тетовско. Утринава пламени јазици проголтаа 7 декари шумска површина во подножјето на Шара меѓу селата Голема Речица и Калник. Тетовските пожарникари со нивната интервенција успеаа да го спречат пожарот да не се прошири на објектите од село Голема Речица.

-Топлото време си го прави своето, но и невниманието, неодговорното однесување на човекот доведува до избувнување на пожари, рече командирот на ТППЕ Тетово, Аука Алити и упати апел за поголема внимнателност.

Во тетовско за изминативе десетина дена изгореа близу 100 хектари земјоделска површина, претежно засадено со пченица


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1