ММС

Објавено на: 07/9/21 11:15 AM

Штипјани не поминуваат на пешачки, 18 пешаци казнети

Вчера во Штип МВР спроведе акциска контрола во Штип, каде беа проверувани учесниците во сообраќајот, односно не само возачите туку и пешаците.

-Вчера  на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола за прекршоци што ги прават пешаците во сообраќајот. Од извршената контрола биле констатирани 18 прекршоци. На сите им биле изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Но, не е правена само контрола на пешаците, туку и на возачите.

-При оваа акција изречени биле и 14 мерки за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило,  5 за управување возило под дејство на алкохол, 48 мерки за управување возило со брзина поголема од пропишаната, 2 за некористење сигурносен појас, 1 за користење мобилен телефон и 2 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, информираат од МВР.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1