ММС

Објавено на: 07/9/21 11:00 AM

Не сакал да го признае детето, па го испратил братот на ДНК тестирање, но плановите му се расипале

Германец не сакал да признае татковство, па го испратил својот брат, кој изгледал слично на него, на ДНК-тест, што го побарала мајката на детето, пишува списанието Феникс.

Тестот покажал негативен резултат, но мајката на детето не се предала. Мајката побарала да се повтори тестот, но овој пат сакала да биде присутна на тестирањето.

Тестот покажал дека човекот, кој не сакал да го признае татковство, е татко на едногодишно дете, објави во средата Високиот суд во Олденбург.

И мажот и неговиот брат биле пријавени за обид за измама.

Извор и фото: 24сата.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1