ММС

Објавено на: 07/9/21 10:12 AM

„Вратете и го животот на оваа жена, ропството е одамна укинато“: Мадона со поддршка за Бритни

Мадона (62) е уште една позната личност која ја поддржа борбата на пејачката Бритни Спирс да стави крај на старателството кое нејзиниот татко Џејми Спирс го има над животот и имотот на поп-ѕвездата.

Мадона законската одредба поради која Бритни нема контрола над нејзиниот живот ја нарече „повреда на човековите права“.

Таа објави фотографија на Инстаграм во розова маица со натпис – Бритни Спирс и напиша дека тоа ќе и помогне да „излезе од затвор“.

“Вратете и го животот на оваа жена. Ропството е укинато одамна! Смрт за алчната патријаршија која им го прави тоа на жените со векови. Ова е кршење на човековите права! Бритни, доаѓаме да те извлечеме од затвор! „ истакна Мадона.

Двете пејачки соработуваа во 2003 година кога беше создаден хитот „Me against the music“, а истата година тие се бакнуваа додека настапуваа заедно на „MTV Video Music Awards“.

Години подоцна, откако Бритни започна со испади во јавноста, пејачката откри дека токму Мадона игра клучна улога во враќањето на нејзината кариера.

“Таа навистина ме научи да останам верна на себе. Ме научи тоа покажувајќи ми со дела, а не само на зборови”, изјави Бритни за „Harper’s Bazaar ” во 2011 година.

Извор: Б91.нет


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1