ММС

Објавено на: 07/9/21 8:22 AM

Температури до 39 степени, но и грмежи и пороен дожд: Не’ очекува нестабилно време во следните денови

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот наместа ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – прогнозираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје претпладне сончево и многу топло. Преку денот со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи проследени со засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 38 степени.

Во деновите од викендот ќе биде нестабилно. Во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град. Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1