ММС

Објавено на: 07/9/21 8:19 AM

(ВИДЕО) Олимпискиот оган пристигна во Токио

Oлимпискиот пламен пристигна во Токио каде ќе се одржи церемонијата на отворање на Олимписките игри пред празниот стадион, откако јапонските власти решија да ги одржат Игрите без гледачи од страв од ширење на Ковид-19.

Точно две недели пред отворањето на Олимписките игри на 23 јули, олимпискиот оган симболично му беше предаден на Јурико Коике, гувернерот на Токио.

Олимписките организатори и јапонските власти во вчера објавија дека нема да има гледачи на спортските настани во Токио. Јавноста ќе може да следи некои натпревари надвор од Токио. Ова значи дека Олимписките игри, кои беа одложени за ова лето минатата година, поради пандемијата на коронавирусот, ќе бидат првите игри во историјата што ќе се одржат пред празни трибини.

Преземено од: https://www.vecernji.hr/
Фотографија: http://www.newspostalk.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1