ММС

Објавено на: 07/9/21 7:53 AM

Објавена новата корона мапа- Хрватска и Словенија во зелени, Шпанија и Португалија црвени

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC)  објави ажурирана мапа на Европа. На мапата оваа недела Македонија не е вклучена во зелената зона. Всушност на новата карта не е вклучен цел Балкан, со исклучок на Хрватска и Словеија, кои се сместени во зелената зона. Со најголема инциденца се Шпанија и Португалија кои се претежно во црвената зона. Останатите балкански држави не се опфатени.

Мапата ECDC се ажурира неделно со употреба на податоци од четврток во 23:59 часот. Боите за одделни области се одредуваат со комбинација на бројот на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100 илјади жители и процентот на тестирана популација. ECDC е европска агенција со седиште во Стокхолм, а нејзините ковид-мапи се показател и за туристите дали е безбедно да се оди на одредена дестинација.

Португалскиот туризам се наоѓа во незавидна ситуација, бидејќи земјата минува низ нов бран пандемии. Во последните неколку дена тие ја преминаа границата од 3.000 нови дневни случаи, што не се случило од почетокот на февруари.  Франција ги советуваше своите граѓани да ги избегнуваат Португалија и Шпанија ова лето поради брзото ширење на  делта сојот.


Оние што сè уште не резервирале одмор, избегнувајте ги Шпанија и Португалија како дестинации, ова е совет од претпазливост “, изјави државниот секретар за европски прашања Климент Боун за јавната телевизија Франс 2.

Португалскиот министер за надворешни работи Августо Сантос рече дека загриженоста на Франција е „разбирлива“ со оглед на влошената здравствена состојба во земјата. Ноќниот полициски час поставен минатиот петок сè уште е во сила во областите со висок ризик, главно во Лисабон и околината и туристичкиот регион Алгарве, на југот на земјата. Сега посетителите на рестораните за време на викендот мора да направат негативен тест или доказ дека биле целосно вакцинирани. Во хотелите тоа е задолжително секој ден низ целата земја.

Соочена со големиот пораст на бројот на случаи со корона кај младите, Шпанија сака да ја забрза вакцинацијата на таа возрасна група за да избегне нов бран на вируси што ќе ја уништи туристичката сезона и растот на економијата.

Извор: index.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1