ММС

Објавено на: 07/13/21 10:38 AM

Кој кого копира на нашата естрада? Ирена, Ѓоко и Тамара со иста инспирација за фотосесија и спот

Јастребот е инспирација на тројца наши пејачи за да направат фотосесија. Тоа се фолк пејачите Ирена Вељовска, Ѓоко Јовиќ и Тамара Тодевска.

Минатото пандемиско лето кога естрадата присилно одмараше Ирена реши да направи фотосесија со јастреб, преку која, веројатно сакаше да покаже колку жените се силни.

Пред крајот на минатата пандемиска година,  во декември кога естрадата беше на присилна пауза пејачот Ѓоко Јовиќ исто така за потребите на неговиот спот за песната „Полетај соколе“ се снимаше и направ и фотосесија со птица.

Тамара, пак,  пред некој ден ја промовираше новата песна „Порок“ и  тоа пак со птица, а во најавата за песната напишала  „ Слабост, лоша склоност во карактерот што заслужува осуда“.

ММС го контактираше сопственикот на јастребот, Трајче Китановски, кој ни рече:

-Тоа е Харисон, односно Хари и се работи за американски пустински јастреб, кој многу го бараат.  Јас сум осум години соколар. А Хари пред две години го земав од Загреб, го чувам од три месечно пиле. Ѓоко и Ирена за фотосесија и спот ги имаат Хари, а Тамара ме контактираше, но за жал тој ден кога и требаше јас не бев слободен, ни рече Трајче.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1