ММС

Објавено на: 07/8/21 10:33 PM

„Мечкината глава“ на Леонардо да Винчи е на аукција, се очекува понуда од 12 милиони фунти

Малиот цртеж на глава од мечка на познатиот сликар Леонардо да Винчи, понуден е на аукција во Лондон каде што се очекува понуда од 12 милиони фунти, се наведува во текстот на „Спутник“.

Со димензии 7 x 7 сантиметри, „Мечкина глава“ стара е повеќе од 500 година. Можно е цената на овој цртеж да го надмине претходниот цртеж на Леонардо да Винчи „Коњ и јавач“, продаден во 2001 година.

Според податоците на аукциската куќа „Кристи“, ова е еден од само неколкуте цртежи на италијанскиот ренесансен мајстор, кои и понатаму се во приватна сопственост. Летиција Мејсон, експерт за цртежите на старите мајстори во „Кристи“, ја опишала техниката „silverpoint“ како многу тешка и техника која не признава грешки.

Оваа техника подразбира користење на „сребрено перо“ на посебно подготвена хартија на која остануваат трагови и линии. Леонардо, според Летиција Мејсон, бил фасциниран од природата и животните.

 

 

Извор:

rs-lat.sputniknews.com

Фото:

zbout.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1